"Нека храната твоја биде лек и нека твојот лек биде храна"

                           

Правилна Исхрана  СЛАБЕЕЊE БЕЗ ГЛАДУВАЊЕ !

Само со правилна и здрава исхрана.

  •        За да ги обавува дневните   активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од околу 50 хранливи материи, кои можат да се добијат од храната која ја јадеме во текот на целиот ден.
  • Природата го создала така човекот што неговото телото не може да ги произведе тие 50 материи. Таков пример се Омега-3 и Омега-6 полинезаситени масти, кои се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси во човечкото телото.
  • Од тие причини човекот е упатен да внесува односно да конзумира храна која го содржи сето она што е неопходно за здрав и нормален живот. Со конзумирање на различни видови на храна се добиваат сите потребни хранливи материи. Но покрај разновидноста на храната, битен е начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. За човек здраво да се храни потребно е да знае дека храната е двигател на животот  и дека вкусната храна не е и здрава храна. Според голем број на истражувања се смета дека во 21. век лек за многу болести, но и превентива за нив, ќе биде пред се’ здравата храна и уравнотежената исхрана.


















































                                                 Нутриционист 

                         М-р Бузлевски Илија 
Created with Mozello - the world's easiest to use website builder.

 .