РОГАЧ - " ЦРНО ЗЛАТО "

      Рогачот е толку ценет, па дури и се смета за свето дрво бидејќи е многу отпорно на разни штеточинки. Нема потреба од прскања со разни хемикалии, а тоа значи здрав еколоши продукт. Кората и листовите па и самото дрвото имаат лековити својства и се користат за подготовка на разни екстракти кои помогаат во борбата со настинки, бронхијални и белодробни заболувања, како и дигестивни нарушувања.
Рогачот се користат како лек за внатрешни повреди, рани во устата, кашлање, проблеми со дишењето, па дури и дијабетес.
Супстанцата која се наоѓа во плодовите е наречена “смола на дрвото рогач”, во прехранбената индустрија се користи како стабилизатор и згуснувач, но и во козметика и фармацевтската индустрија. Познат е како Е410.
За плодовите на рогачот се вели дека е храна на евангелистите, фараони и современите жители на Медитеранот.
Плодовите се богати со прехранбени влакна (пектин и лигнин), кои ја подобруваат флората во дигестивниот тракт, ја намалува количината на штетни бактерии, а и го намалуваат нивото на холестеролот. Покрај тоа, тие ги отстрануваат тешки метали и токсични материи од организмот. Постојат докази дека плодовите на рогачот ја спречува појавата на рак и помага за добро функционирање на срцето и бубрезите.
Тој се користи за лекување на внатрешните рани, чиреви, болка во грлото и кашлица, како лек против пролив, труење, за чистење на организмот од разни отровите, нервни нарушувања и нарушувања на сонот. 
Тој е исто така еден моќен афродизијак. Од плодовите се прави алкохол, се добива прав како замена на какаото, кој може да го користат дури и заболените од дијабетес, а со него се приготвуваат и разни сосови.
Штом дрвото на рогачот е толку корисно, па зошто тогаш да не го примениме и ние во нашата исхрана.!!
Дипл. НУТРИЦИОНИСТ - ИЛИЈА БУЗЛЕВСКИ
Центар за здрава исхрана ИН-10 Ресен

Домат 

 Доматите потекнуваат од Мексико и Централна Америка и биле култивирани уште од Астеките и Инките. Подоцна, доматите се пренесени во Шпанија, Португалија, Италија и Франција. Французите ги нарекуваат доматот „љубовно“ јаболко, а Германците „рајско“ јаболко.

Во почетокот доматот се користел како украсна билка и на него се гледало со сомнеж, бидејќи се мислело дека е отровен. Во втората половина на 19 век е откриена хранливоста на плодот и од тогаш се помасовно сè одгледува и користи во исхраната. Луѓето веднаш забележиле дека доматот допринесува за подобрување на здравјето, што довело и до испитување на неговиот хемиски состав.
Лековитите својства на доматот - моќен природен антиканцероген

Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.
Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки.



 ДОМАТОТ КАКО ПРИРОДЕН АНТИКАНЦЕРОГЕН И ЗАШТИТНИК НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ 
Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од домат, отколку кога се консумира свеж домат. Се претпоставува дека при готвењето на доматот, од него се ослободува ликопенот, и на тојначин тој полесно може да се апсорбира.
Ликопенот е докажан антиоксиданс кој помага во отстранувањето на слободните радикали од организмот. Слободните радикали се нестабилни молекули на кислород, кои предизвикуваат рак и други сериозни заболувања. Поради тоа, доматите играат клучна улога во превенцијата и лекувањето на многу сериозни заболувања.
Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.
Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.
Ликопенот го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има лушпата на доматот. Препорачан дневен внес на ликопен е од 5–10 mg.
Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите. Други намирници со висока концентрација на терпени се билките како: розмарин, тимијан, оригано, босилок и нане.
Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, , помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак...
Доматот ја подобрува работата на цревата,. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди.
Исто така, поволно делува и на високиот крвен притисок, ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот. Доматот е природен лек и за сабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест.
Бидејќи доматот е богат со витамн Ц, тој помага во спречување на напади на астма, инфекции на дишните патишта, солзење на очите и други алергиски симтпоми.
Доматот се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот, но и за диетална исхрана, бидејќи е хранлив, а нискокалоричен.
Доматот, поради големата содржина на ликопен и бета каротин, ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето. Варениот џус од домат има голема количина на ликопен кој ја шптити кожата од опекотини. Научниците нагласуваат дека сосот од домат најдобро е да се комбинира со малсиново масло, бидејќи тоа ја помага апсорпцијата на антиоксидансите. 
Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати - тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви. За да ги искористите сите овие придобивки кои ги нуди доматот Ве советувам за што поголема примена на истиот во вашата домашна кујна.

М-р  Нутриционист 
Бузлевски Илија


Чиа семе-елексир на младоста
Чиа семето потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка. Ацтеките го користеле ова семе во голем дел од нивната исхрана, како извор на енергија во походите (поради што и го добило името „чиа“ што значи „сила. Уште во тоа време Ацтеките биле свесни за ефикасноста и го користеле ова растение како додаток во исхраната во превенција на болести и како лек 


Поради својата голема хранлива вредност Чиа семето се користи како поддршка и превенција од дијабетес, хипертензија, кардиоваскуларни болести и мозочен удар . Чиа како значаен извор на добри масти содржи омега 3 масни киселини. Тoа исто така содржи антиоксиданси, диететски влакна и аминокиселини. Делот кај антиоксидансите се состои од фитохемикалии како што се кафеава киселина, флавоноиди и други.

Масните киселини  учествуваат со 25 % од вкупните хранливи состојки во ова семе,а тоа се Омега 3 и Омега 6 масните киселини       Присуство на минерали се рефлектира и со присуство на калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум,  цинк, манган, бакар и железо. Содржи, исто така, витамини од Б групата: ниацин, рибофлавин, тиамин . Како такво, ова семе  т.н “суво злато”  во голема мера може да влијае на подобрување на здравјето, особено кога станува збор за спречување на срцеви заболувања, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта . 

Фосфорот, кој го има во ова семе исто така е од суштинско значење за одржување и регенерација на ткивото, а веднаш до него е бакарот, што обично ни е во недостаток на исхрана и е важeн за здравјето и правилната работа на срцето. Интересно е дека во само две лажици чиа се%D


ПОВЕЌЕ СТАТИИ НА НАШАТА FB СТРАНА

    Република Македонија е држава која што има идеални услови за одгледување на разни сорти на јаболка. Јаболкото е овошје за кое многу се зборува и многу се знае. Позната е изреката дека едно јаболко на ден ги држи лекарите подалеку од вас.


Денеска одбрав да ви ги прикажам здравствените придобивки на јаболкото, кои верувајте се навистина големи. Најпознати конзумни сорти јаболка се црвен делишес, златен делишес, грени смит, јонатан и други.
Докажано е дека јаболкото е многу здраво овошје. Ако изедеме две јаболка дневно, веќе сме направиле многу за зачувување на нашето здравје. 
Јаболкото е навистина права ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Во зависност од сортата, 100 g јаболка содржат околу 85 g вода, 10,9 g јагленохидрати, и 3 g растителни влакна. Во јаболкото има и 40 mg витамин Ц, потоа витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Јаболкото содржи и минерали, многу калиум (100 до 180 mg), потоа калциум, фосфор, магнезиум и железо. Многубројните хранливи состојки како рибофлавин, тиамин, каротин, биотин, липонска киселина го прават јаболкото вистински дар од природата: здрав и неодоливо вкусен.

An apple a day keeps the doctor away- Тоа во слободен превод значи, едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку од нас. Понесени од самата поговорка и тоа колку е здрав овој производ говорат следниве хранливи вредности кои што ги нуди:

  • Многу студии укажуваат на фактот дека јаболката имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Една студија покажа дека луѓето кои сакаат да го симнат нивото на лош (LDL) холестерол може да го направат тоа значително побргу доколку секојдневно конзумираат јаболка. Сето тоа се должи на присуството на диетални влакна односно пектинот, кој помага за намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања и последиците кои ги носат тие – инфаркт на срцето и мозочен удар.
  • Секојдневното конзумирање на јаболка може да помогне во намалување на појавата на дијабетес. Испитувањата покажаа дека јаболката го намалуваат нивото на Ц-реактивни протеини во крвта, кои во голема мера ги зголемуваат шансите за развој на дијабет.
  •  Јадењето јаболкa пред тренинг ја зголемува издржливоста за време на физичките активности. За тоа е заслужен антиоксидансот кверцетин, кој исто така е заслужен за зајакнување на имунитетот.
  • Јаболкото помага во спречувањето на кариесот со тоа што има бактерициден ефект врз штетните бактерии и ги уништува до 90 %. За споредба Со миењето на забите уништуваме 60% од бактериите во устата,
  • Во јаболкото е присутен и серотонинот кој е корисен за подигање на нашето расположение.
  •  Јаболкото ја смирува и ублажува неурозата и раздразливоста, и е корисно природно средство за смирување и за мирен сон.
  • Сокот од јаболко им помага на црниот дроб и на бубрезите да се прочистат од токсини, и со тоа спречува многубројни заболувања на организмот и го помага неговот прочистување.
  • Бистар поглед и здрави очи – сокот од јаболко содржи голема количина на витамин А, најпотребен за чист и остар вид и здрави очи.
  • Со витамините кои ги содржи а тоа се А, Б, Ц, Е, К, Б1, Б2, Б6 јаболкото е најдобар начин ве освежува и исполните со енергија, во било кое време во денот а јас ви препорачувам со негово конзумирање да започнете уште од утринските часови и најмногу да го користите и во најголема количина до попладневните часови .
  •  Јаболкото не содржи многу калории, а го намалува нивото на холестерол. Поради тоа, помага за намалување на телесната тежина .
  •  Ве одржува свежи и помага во зачувувањето на вашето здравје - благодарение на големата количина антиоксиданси кои ги уништуваат штетните радикали, јаболкото го забавува процесот на стареење и ви дава свеж изглед.

Последните испитувања потврдуваат дека јаболкото ги подобрува мисловните процесот, и меморијата.

Овај дар од природата има одлични климатски и почвени услови за одгледување на нашиве простори. Како резултат на тоа се произведуваат многу квалитетни сорти на јаболка кои ни се достапни.
Конзумирајте јаболка за да ги почувствувате позитивните ефекти врз вашето здравје.

Глутен 

Повеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми предизвикани од глутен е се поголем.

Симптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да “тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца.

Луѓето кои страдаат од целијакија имаат, нормално, најмногу и најизразени проблеми, па единственото нешто што можат да го направат за да водат нормален и здрав живот е потполното лишување од глутенот и сите производи кои го содржат.

Оваа задача и не е премногу тешка, иако на прв поглед може да делува така. Најтешко е, барем во почетокот, запознавањето со безглутенски намирници, и одредување на производите без глутен на полиците во маркетите. Пченицата во принцип се додава во скоро секоја храна, за да и ја зголеми содржајноста. Заради тоа, глутенот може да се најде во готовата храна, во конзервите, кексите и сл.

Доколку вашето тело не поднесува глутен, тогаш тој ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до недоволна апсорпција на хранливите материи од храната, а со тоа и до состојба на потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата повторно се обновуваат. Но, лицата со овој проблем целиот свој живот мора да внимаваат на исхраната со цел да се спречи повторно појавување на оштетувањето. Доколку имате некои од наредниве 10 знаци на нетолеранција на глутен, тогаш има шанси дека не поднесувате глутен:

10 ЗНАЦИ НА НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ГЛУТЕН

1. Дигестивни проблеми, како на пример, гасови, надуеност, дијареја или тврда столица. Тврдата столица особено се јавува кај деца веднаш по внесувањето на глутен.

2. „Keratosis Pilaris“ или подобро познато како „пилешка кожа“ на задниот дел од вашите раце. Ова настанува како резултат на недостаток од маснотии и витаминот А што пак е резултат на лошата обработка на нутритиентите во вашите црева кои биле оштетени од глутенот.

3. Замор, замаглено размислување или чувство на умор по јадење храна која содржи глутен.

4. Дијагноза на автоимуна болест како проблеми со тироидната жлезда, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, системски лупус еритематозус, псоријаза, склеродерма или мултиплекс склероза.

5. Невролошки симптоми, како на пример, вртоглавица или чувство дека немате рамнотежа.

6. Хормонален дисбаланс, како на пример, ПМС, полицистични јајници или необјаснива неплодност.

7. Мигрени.

8. Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија. Овие дијагнози укажуваат на фактот дека вашиот доктор не можел точно да ја определи причината на вашиот замор или болка.

9. Воспаление, отекување или болка во зглобовите кај прстите, колената или колковите.

10. Психолошки нарушувања, како на пример, анксиозност, депресија, промена на расположението или проблеми во одржување на вниманието и хиперактивност.

КАКО ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ?

Најдобриот начин да одредите дали имате проблеми со глутенот е доколку целосно го исфрлите од вашата исхрана на околу 3 до 4 недели и потоа повторно го вратите. Имајте на ум дека глутенот долго време се задржува во телото и дека понекогаш потребни му се дури и месеци за целосно да излезе од вашиот систем. Токму затоа колку подолго чекате, толку подобри резултати ќе добиете.

Доколку се чувствувате многу подобро без него и доколку почувствувате необјасниво нагло влошување откако повторно ќе почнете да го внесувате, тогаш големи се шансите дека тој е причината за вашата здравствена состојба. Секако, за да добиете точни резултати од овој метод на тестирање, мора да елиминирате 100% од глутенот во вашата исхрана. Доколку решите да го сторите тоа, добро информирајте се за продуктите кои ги купувате бидејќи на голем дел од оние кои содржат глутен, тој не е наведен на декларацијата

Пред да се одлучите за таква исхрана или режим на исхрана Ве молиме консултирајте се со Дипломиран Нутриционист ! 

ЦЕНТАР ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ИН – 10 Ресен
М-р  – НУТРИЦИОНИСТ 
Бузлевски Илија




Чиа семе-елексир на младоста

Чиа семето потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка. Ацтеките го користеле ова семе во голем дел од нивната исхрана, како извор на енергија во походите (поради што и го добило името „чиа“ што значи „сила. Уште во тоа време Ацтеките биле свесни за ефикасноста и го користеле ова растение како додаток во исхраната во превенција на болести и како лек 


Поради својата голема хранлива вредност Чиа семето се користи како поддршка и превенција од дијабетес, хипертензија, кардиоваскуларни болести и мозочен удар . Чиа како значаен извор на добри масти содржи омега 3 масни киселини. Тoа исто така содржи антиоксиданси, диететски влакна и аминокиселини. Делот кај антиоксидансите се состои од фитохемикалии како што се кафеава киселина, флавоноиди и други.

Масните киселини  учествуваат со 25 % од вкупните хранливи состојки во ова семе,а тоа се Омега 3 и Омега 6 масните киселини       Присуство на минерали се рефлектира и со присуство на калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум,  цинк, манган, бакар и железо. Содржи, исто така, витамини од Б групата: ниацин, рибофлавин, тиамин . Како такво, ова семе  т.н “суво злато”  во голема мера може да влијае на подобрување на здравјето, особено кога станува збор за спречување на срцеви заболувања, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта . 

Фосфорот, кој го има во ова семе исто така е од суштинско значење за одржување и регенерација на ткивото, а веднаш до него е бакарот, што обично ни е во недостаток на исхрана и е важeн за здравјето и правилната работа на срцето. Интересно е дека во само две лажици чиа се%D