Правилна Исхрана СЛАБЕЕЊE БЕЗ ГЛАДУВАЊЕ !
Само со правилна и здрава исхрана.
- За да ги обавува дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од околу 50 хранливи материи, кои можат да се добијат од храната која ја јадеме во текот на целиот ден.
- Природата го создала така човекот што неговото телото не може да ги произведе тие 50 материи. Таков пример се Омега-3 и Омега-6 полинезаситени масти, кои се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси во човечкото телото.
- Од тие причини човекот е упатен да внесува односно да конзумира храна која го содржи сето она што е неопходно за здрав и нормален живот. Со конзумирање на различни видови на храна се добиваат сите потребни хранливи материи. Но покрај разновидноста на храната, битен е начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. За човек здраво да се храни потребно е да знае дека храната е двигател на животот и дека вкусната храна не е и здрава храна. Според голем број на истражувања се смета дека во 21. век лек за многу болести, но и превентива за нив, ќе биде пред се’ здравата храна и уравнотежената исхрана.