РОГАЧ - " ЦРНО ЗЛАТО "
Домат
Доматите потекнуваат од Мексико и Централна Америка и биле култивирани уште од Астеките и Инките. Подоцна, доматите се пренесени во Шпанија, Португалија, Италија и Франција. Французите ги нарекуваат доматот „љубовно“ јаболко, а Германците „рајско“ јаболко.
Масните киселини учествуваат со 25 % од вкупните хранливи состојки во ова семе,а тоа се Омега 3 и Омега 6 масните киселини Присуство на минерали се рефлектира и со присуство на калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум, цинк, манган, бакар и железо. Содржи, исто така, витамини од Б групата: ниацин, рибофлавин, тиамин . Како такво, ова семе т.н “суво злато” во голема мера може да влијае на подобрување на здравјето, особено кога станува збор за спречување на срцеви заболувања, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта .
Фосфорот, кој го има во ова семе исто така е од суштинско значење за одржување и регенерација на ткивото, а веднаш до него е бакарот, што обично ни е во недостаток на исхрана и е важeн за здравјето и правилната работа на срцето. Интересно е дека во само две лажици чиа се%D
Република Македонија е држава која што има идеални услови за одгледување на разни сорти на јаболка. Јаболкото е овошје за кое многу се зборува и многу се знае. Позната е изреката дека едно јаболко на ден ги држи лекарите подалеку од вас.
An apple a day keeps the doctor away- Тоа во слободен превод значи, едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку од нас. Понесени од самата поговорка и тоа колку е здрав овој производ говорат следниве хранливи вредности кои што ги нуди:
- Многу студии укажуваат на фактот дека јаболката имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Една студија покажа дека луѓето кои сакаат да го симнат нивото на лош (LDL) холестерол може да го направат тоа значително побргу доколку секојдневно конзумираат јаболка. Сето тоа се должи на присуството на диетални влакна односно пектинот, кој помага за намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања и последиците кои ги носат тие – инфаркт на срцето и мозочен удар.
- Секојдневното конзумирање на јаболка може да помогне во намалување на појавата на дијабетес. Испитувањата покажаа дека јаболката го намалуваат нивото на Ц-реактивни протеини во крвта, кои во голема мера ги зголемуваат шансите за развој на дијабет.
- Јадењето јаболкa пред тренинг ја зголемува издржливоста за време на физичките активности. За тоа е заслужен антиоксидансот кверцетин, кој исто така е заслужен за зајакнување на имунитетот.
- Јаболкото помага во спречувањето на кариесот со тоа што има бактерициден ефект врз штетните бактерии и ги уништува до 90 %. За споредба Со миењето на забите уништуваме 60% од бактериите во устата,
- Во јаболкото е присутен и серотонинот кој е корисен за подигање на нашето расположение.
- Јаболкото ја смирува и ублажува неурозата и раздразливоста, и е корисно природно средство за смирување и за мирен сон.
- Сокот од јаболко им помага на црниот дроб и на бубрезите да се прочистат од токсини, и со тоа спречува многубројни заболувања на организмот и го помага неговот прочистување.
- Бистар поглед и здрави очи – сокот од јаболко содржи голема количина на витамин А, најпотребен за чист и остар вид и здрави очи.
- Со витамините кои ги содржи а тоа се А, Б, Ц, Е, К, Б1, Б2, Б6 јаболкото е најдобар начин ве освежува и исполните со енергија, во било кое време во денот а јас ви препорачувам со негово конзумирање да започнете уште од утринските часови и најмногу да го користите и во најголема количина до попладневните часови .
- Јаболкото не содржи многу калории, а го намалува нивото на холестерол. Поради тоа, помага за намалување на телесната тежина .
- Ве одржува свежи и помага во зачувувањето на вашето здравје - благодарение на големата количина антиоксиданси кои ги уништуваат штетните радикали, јаболкото го забавува процесот на стареење и ви дава свеж изглед.
Последните испитувања потврдуваат дека јаболкото ги подобрува мисловните процесот, и меморијата.
Глутен
Повеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми предизвикани од глутен е се поголем.
Симптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да “тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца.
Луѓето кои страдаат од целијакија имаат, нормално, најмногу и најизразени проблеми, па единственото нешто што можат да го направат за да водат нормален и здрав живот е потполното лишување од глутенот и сите производи кои го содржат.
Оваа задача и не е премногу тешка, иако на прв поглед може да делува така. Најтешко е, барем во почетокот, запознавањето со безглутенски намирници, и одредување на производите без глутен на полиците во маркетите. Пченицата во принцип се додава во скоро секоја храна, за да и ја зголеми содржајноста. Заради тоа, глутенот може да се најде во готовата храна, во конзервите, кексите и сл.
Доколку вашето тело не поднесува глутен, тогаш тој ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до недоволна апсорпција на хранливите материи од храната, а со тоа и до состојба на потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата повторно се обновуваат. Но, лицата со овој проблем целиот свој живот мора да внимаваат на исхраната со цел да се спречи повторно појавување на оштетувањето. Доколку имате некои од наредниве 10 знаци на нетолеранција на глутен, тогаш има шанси дека не поднесувате глутен:
10 ЗНАЦИ НА НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ГЛУТЕН
1. Дигестивни проблеми, како на пример, гасови, надуеност, дијареја или тврда столица. Тврдата столица особено се јавува кај деца веднаш по внесувањето на глутен.
2. „Keratosis Pilaris“ или подобро познато како „пилешка кожа“ на задниот дел од вашите раце. Ова настанува како резултат на недостаток од маснотии и витаминот А што пак е резултат на лошата обработка на нутритиентите во вашите црева кои биле оштетени од глутенот.
3. Замор, замаглено размислување или чувство на умор по јадење храна која содржи глутен.
4. Дијагноза на автоимуна болест како проблеми со тироидната жлезда, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, системски лупус еритематозус, псоријаза, склеродерма или мултиплекс склероза.
5. Невролошки симптоми, како на пример, вртоглавица или чувство дека немате рамнотежа.
6. Хормонален дисбаланс, како на пример, ПМС, полицистични јајници или необјаснива неплодност.
7. Мигрени.
8. Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија. Овие дијагнози укажуваат на фактот дека вашиот доктор не можел точно да ја определи причината на вашиот замор или болка.
9. Воспаление, отекување или болка во зглобовите кај прстите, колената или колковите.
10. Психолошки нарушувања, како на пример, анксиозност, депресија, промена на расположението или проблеми во одржување на вниманието и хиперактивност.
КАКО ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ?
Најдобриот начин да одредите дали имате проблеми со глутенот е доколку целосно го исфрлите од вашата исхрана на околу 3 до 4 недели и потоа повторно го вратите. Имајте на ум дека глутенот долго време се задржува во телото и дека понекогаш потребни му се дури и месеци за целосно да излезе од вашиот систем. Токму затоа колку подолго чекате, толку подобри резултати ќе добиете.
Доколку се чувствувате многу подобро без него и доколку почувствувате необјасниво нагло влошување откако повторно ќе почнете да го внесувате, тогаш големи се шансите дека тој е причината за вашата здравствена состојба. Секако, за да добиете точни резултати од овој метод на тестирање, мора да елиминирате 100% од глутенот во вашата исхрана. Доколку решите да го сторите тоа, добро информирајте се за продуктите кои ги купувате бидејќи на голем дел од оние кои содржат глутен, тој не е наведен на декларацијата
Пред да се одлучите за таква исхрана или режим на исхрана Ве молиме консултирајте се со Дипломиран Нутриционист !
ЦЕНТАР ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ИН – 10 Ресен
М-р – НУТРИЦИОНИСТ
Бузлевски Илија
Чиа семе-елексир на младоста
Масните киселини учествуваат со 25 % од вкупните хранливи состојки во ова семе,а тоа се Омега 3 и Омега 6 масните киселини Присуство на минерали се рефлектира и со присуство на калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум, цинк, манган, бакар и железо. Содржи, исто така, витамини од Б групата: ниацин, рибофлавин, тиамин . Како такво, ова семе т.н “суво злато” во голема мера може да влијае на подобрување на здравјето, особено кога станува збор за спречување на срцеви заболувања, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта .
Фосфорот, кој го има во ова семе исто така е од суштинско значење за одржување и регенерација на ткивото, а веднаш до него е бакарот, што обично ни е во недостаток на исхрана и е важeн за здравјето и правилната работа на срцето. Интересно е дека во само две лажици чиа се%D